Рекламирање на социјални медиуми




Процесите на глобализација кои ги иницираше интернет технологијата, ја наметнаа комуникацијата во глобалниот свет што самите го формираа.
Искористувајки ја слободата на комуникација што ја дава интернет технологијата, граѓаните се повеќе ги користат придобивките во секој сегмент од животот: како најбрз и најдостапен извор на информации, за комуникација, работа ...
Од друга страна, корпорациите добија нови пазари за продажба и профит.
Донесувањето на одлуки на потрошувачите за купување на
одредени производи често пати зависат од фактори кои се надвор од нивна контрола и имаат директно или индиректно влијание за тоа како живеат и што консумираат, а еден од факторите се и социјалните медиуми.
Социјалните медиуми го променија начинот на кој се испорачуваат и пренесуваат информации, природата и начинот на кој комуницираме, ја обликуваат нашата реалност.
Се покажа дека социјалните медиуми го држат приматот кога станува збор за улогата на мас медиумите – пренесување на информацијата од еден извор до голем број на приматели и обратно, пренесување на повратната информација, споделување на фидбекот од примателите.
Влијанието врз однесување на потрошувачите на пазарот е големо.
Кога се водат рекламни кампањи на социјалните медиуми, се продуцираат содржини кои се читаат, слушаат, гледаат а и се добиваат повратни информации од читателите на истите медиуми.
Можностите во процесот на рекламирањето на социјалните медиуми се големи.
Компаниите можат да влијаат на однесувањето на потрошувачите со огласи и реклами за производите преку наметнување модели за однесување, односно имитирање од страна на публиката.
Со постојаното повторување на огласните пораки се создаваат и зајакнуваат верувањата и се втемелува свесноста за вредноста на брендот.
За поголема ефективност во комуникацијата со целнита група на пазарот, се користи креативноста (дизајн, музика, визуелна, наративна приказна) за пренесување на карактеристиките на производите и за посакуваниот имиџ на истите.
Во тој дух, мал избор на кампањи на социјални медиуми:
 
1.  Adobe Click baby, click






Кампањата на Adobe Click baby, click (Goodby, Silverstein & Partners) US за (не) користење на алатки за мерење на ефективноста на рекламирањето.
https://www.youtube.com/watch?v=TZXUq7Pln3g

2. Maes Beer

 


За да го зголемат својот удел на пазарот, од белгиската пиварница Maes играле на картата на популарноста на социјалните медиуми. Во нивната кампања понудиле бесплатен барел пиво за секого со презимето "Maes" под еден услов ... тие мораа да го споделам со 20 од своите најблиски пријатели. Каков е резултатот?
Повеќе од 7.000 луѓе го смениле презимето Maes на Facebook. Maes Пиво добиле повеќе од 75.000 лајка во еден ден ... и 500.000 посети на својата Фејсбук страница за шест недели.
https://www.youtube.com/watch?v=At2o2WWiku0

3. Marc by Marc Jacobs

 


Кастинг online преку Instagram и Tweeter.
По првиот успех со кампањата #CastMeMarc која привлекла 70.000 записи, во тек е новата кампања на социјални медиуми преку која ќе се одберат нови лица што ќе ја престават следната ревија by Marc Jacobs SS15”.

Comments